Избегал по сообраќајка, па нападнал полицајци

Момче од Пробиштип направило сообраќајка па избегало, а откако било приведено избегало од станица и нападнало полицајци, информираше МВР.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Пробиштип поднесе кривична пријава против Р. О. (20) од Пробиштип поради постоење основи на сомнение за сторени три кривични дела. Момчето се товари за загрозување на сигурноста на службено лице, бегство на лице лишено од слобода како и за напад на службено лице при вршење работи на безбедноста.

Според полицијата, осомничениот на 25.03 годинава околу 6 часот во Пробиштип учествувал во сообраќајна незгода и го напуштил местото. Тој набргу бил фатен и приведен во полициска станица. При приведувањето тој  им се заканил дека ќе ги убие полициските службеници и нивните семејства.

Истиот ден околу 16.40 часот во ПС Пробиштип, во просториите за задржување, Р.О. физички нападнал полициски службеник и побегнал. При повторното приведување, тој пружал активен отпор, а се обидувал физички да ги нападне полициските службеници.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.