Избегал од затвор и со Калашников се обидел да ограби менувачница

фото: ДУМА
фото: ДУМА

Избегал од затворот во Штип и вооружен со автоматска пушка вечерва се обидел да ограби менувачница во Велес.

Маж вооружен со автоматска пушка вечерва околу 19:20 часот се обидел да ограби менувачница во Велес, пишува Press24 повикувајќи се на полициски извори.

Според информациите до кои дошол порталот, 36 годишниот маж маскиран влегол со оружјето во менувачница во центарот на Велес и побарал од вработениот да му ги даде парите. Вработениот не се согласил со тоа и избила тепачка.

Во тој момент ограбувачот испукал два куршуми кои завршиле во таванот во менувачницата но за среќа не повредил никого.

Избегал од затвор и со Калашников се обидел да ограби менувачница
Избегал од затвор и со Калашников се обидел да ограби менувачница

Тепачката продолжила и надвор од менувачницата каде напаѓачот стрелал уште два пати но за среќа, повторно не погодил никого иако менувачницата била на прометно место каде што имало многу минувачи и деца кои си играле во околините игротеки.

Еден од куршумите завршил во гумата на еден автомобил паркиран во близина.

Вработениот во менувачницата успеал да му ја земе рамката од автоматската пушка на напаѓачот кој се дал во бегство.

Во борбата на разбојникот му паднале ранецот и автоматската пушка. Тој се дал во бегство. Граѓани кои биле случајно пред менувачницата веднаш почнале да го бркаат разбојникот и по кратко време го фатиле и го совладале. Во близина имало и полциски службеници, кои не биле на должност, кои исто така помогнале при фаќање на сторителот. Тој е фатен, приведен во полициска станица каде е започната постапка на расветлување на настанот. Полицијата ќе  предложи изрекување мерка притвор за сторителот на овој немил настан, изјави портпаролката на СВР Велес, Анита Стојковска, пренесе ДУМА.

Според првичните информации станува збор за познат разбојник кој во моментов издржува затворска казна за исто кривично дело сторено пред една деценија во Скопје. Тој успеал да избега од Затворот во Штип и бил баран од полицијата.