Магазин

ВИДЕО: За секунда избегна сигурна смрт!

ВИДЕО: За секунда избегна сигурна смрт!

Ова момче за секунда избегна сигурна смрт. Без разлика во што сакате да верувате, дека ова момче го спасиле ангелите чувари или чистата случајност, едно е сигурно – на 25-ти септември тоа треба да слави роденден.

Непознат ученик од Симферпл кој во петокот утрото се досадувал додека чекал превоз на автобуската станица за секунда избегна сигурна смрт.

Само што престана да се поигрува на оградата и се помести на истото место удира автомобил. Возачот поради големата брзина изгуби контрола над возилото при свртувањето.

Снимката на таа несреќа стана хит на руските социјални мрежи, а засега нема информации каква е судбината на невнимателниот возач.

Како и да е момчето за секунда избегна сигурна смрт и остана неповредено. Погледнете го видеото.