Избегнат судар на воз полн со мигранти кај „Криволак“ – машиновозачот поминал на црвено?!

Избегнат судар на воз полн со мигранти кај „Криволак“, машиновозачот суспендиран?!
Избегнат судар на воз полн со мигранти кај „Криволак“, машиновозачот суспендиран?!

Воз полн со мигранти кој сообраќал од Гевгелија кон Табановце, денска за малку ќе се судрел со друг празен воз кај станица „Криволак“. Инцидентот, при кој што е избегната голема несреќа, се случил во 13.20 часот, кога возот со број 914 го поминал влезниот сигнал во станицата, но не застанал на време и влетал на исти коловоз со друг воз кој сообраќал на спротивна страна и се движел од Скопје кон Гевгелија за утовар на мигранти. Машиновозачот и неговиот помошник, веднаш се суспендирани од работа.

Овие информации, кои се неофицијални, за „Нетпрес“ ги потврди претседателот на Независниот синдикат на машинскиот персонал, Душко Чакаровски.

Од друга страна, генералниот директор на МЖ „Транспорт“, Никола Костов,  го негира инцидентот, и во телефонски разговор вели дека такво нешто денеска воопшто се нема случено.

Возот кој превезувал околу 900 мигранти, на кои за голема среќа не им се случило ништо, наводно останал на станицата до 15.50 часот, чекајќи друг воз да ги префрли до Табановце.

Како што тврди Чакаровски, до овој инцидент немало да дојде доколку со возот број 914 не  управувал Л.Ј, кој повеќе години не возел на тој дел од пругата, што пак е спротивно на Законот за безбедност и сигурност на железничкиот сообраќај. Но, во недостиг на машиновозачи, бидејќи речиси 90 отсто од нив веќе втора недела се во бојкот, раководството се одлучило на ваков чекор.

Според Чакаровски, покрај одговорноста на машиновозачот Л.Ј. и неговиот помошник Д.С., голема одговорност треба да сноси и раководството на компанијата.
Според Чакаровски, покрај одговорноста на машиновозачот Л.Ј. и неговиот помошник Д.С., голема одговорност треба да сноси и раководството на компанијата.

Според Чакаровски, покрај одговорноста на машиновозачот Л.Ј. и неговиот помошник Д.С., голема одговорност треба да сноси и раководството на компанијата.

Поради бојкотот на машиновозачите, товарниот сообраќај е во застој целосно, а само неколкумина машиновозачи ги извршуваат работните обврски, и претежно возовите во моментот се користат само за превоз на мигранти.

Во четвртокот на машиновозачите им е исплатен вториот дел од јунската плата, еден од условите за прекин на бојкотот. Но, тие бараат до 25 септември да им се исплати во целост августовската плата, но и средба со Министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов, кој треба да ги разгледа нивните барања околу регулирањето на бенефицираниот стаж. Тие бараат да се смени сегашниот начин на пресметка за бенифицираниот стаж, според кој што вработените треба да бидат ангажирани цели четири години на исто работно место за една година бенифициран стаж. Од Синдикатот велат дека овој начин не е добар за работниците, бидејќи може да се случи вработениот пред истекот на тие четири години да се распредели на друго работно место, и со тоа го губи правото на бенифицираната година која му следува. Тие бараат да се врати по старо, односно, на 12 месеци да се добива четири месеци бенифициран стаж.