Македонија,Крими хроника

Избегнат директен судaр на два патнички воза

Избегнат директен судaр на два патнички воза

Избегнат е директен судар на два патнички воза, на Железничката станица „Рајко Жинзифов“ кај Велес околу 10 часот изутринавa. Едниот од двата воза поминал на црвен сигнал.

Како што изјави за МИА портпаролот на МЖ Инфратсруктура Невзат Мамути, возовите сообраќале на релацијата Скопје – Велес.

Според портпаролот на МЖ Инфраструктура, нема никакви последици, а стручни екипи се на терен и го испитуваат случајот.