Избегнете ги трите најчести модни грешки кои ги прават жените

Мал е бројот на жените кои досега покажале дека ретко прават грешки, а оние кататрофални, скоро никогаш. Меѓутоа, сепак треба да се има на ум дека голем број на дамите кои важат за најдобро облечени, имаат цела армија стилисти и модни експерти кои секојдневно ги советуваат, градејќи го нивниот стил, пренесува Elle.rs.

Стилистите на познатите се едни од најзафатените луѓе во Холивуд, а всушност тие, поточно Емили Карнет и Мерит Елиот, одговориле на прашањето кои се тие најчести грешки кои жените ги прават во објекувањето.

devojka-u-prirodi-1417271627-51800

1. Кога се носи облека која не ви одговара

„Пронајдете го најдобриот можен дизајнер или бренд чии модели ви одговараат. Сратете ги пантолоните, прекројте го здолништето, стеснете ја кошулата или спуштете го струкот. Важно е на вашето тело да му одговара кројот на моделот, инаку нема да ви вреди ни материјалот, ниту пак брендот кој го носите“.

devojka-pozira-1422823935-54095

2. Кога се облекуваме неприкладно за сезоната/времето

„ Наместо во зима да шетате со фустани на прерамки и цеветен дезен, бирајте ги потемните тонови. Во зимскиот период повеќе одговара да облечете волнен фустан, отколку свилен со кратки ракави во жолта боја. Сандалите никако не се за во зима, ниту пак чизмите за во лето“.

devojka-sa-sesirom-1418307684-52326

3. Кога носите нешто во што не се чувствувате удобно или пријатно

„Самодовербата е најдобар можен аксесоар кој жената може да го понесе со себе. Затоа секогаш е најдобро да облечете некои удобни чевли со стабилна пета наместо секси салонки на тенка штикла кои притоа ве стегаат. Ист е случајот и со облеката. По одењето, по ставот, како и по гримасите може да се види дали на вас имате облека која ви одговара, односно дали во неа се чувствувате удобно“.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.