сабота, 27 мај 2017  |  Вести денес: 1

Избегнувајте ги овие производи доцна навечер

Ако сте вечерале околу 18 часот, а будни сте и по 23 часот природно е да чувствувате глад и понекогаш да си приуштите себе си иако е доцно, но постојат производи што би требало во целост да ги избегнувате доцна навечер.

devojka-jede-cokoladu_800

Поврзани вести

Ако сте вечерале околу 18 часот, а будни сте и по 23 часот природно е да чувствувате глад и понекогаш да си приуштите себе си иако е доцно, но постојат производи што би требало во целост да ги избегнувате доцна навечер.

Познато е дека мошне е важно колку калории внесувате и колку трошите без разлика на тоа кога јадете, но дали некои продукти може да имаат повеќе калории од другите и да направат штета, особено ако ги конзумирате пред спиење?

Еве кои производи треба да избегнувате да ги јадете навечер.

  1. Житарки

Поголемиот број луѓе кога се гладни посегнуваат по житарки или по мусли со млеко. Не се сите житарки лош избор за навечер, но поголемиот дел од нив содржи големо количество шеќери и мало количество влакна. Ако навечер конзумирате премногу шеќери, веројатно наутро ќе се разбудите многу гладни затоа што во текот на ноќта организмот ќе ви произведува премногу инсулин. Наместо житарки со млеко, земете немасен јогурт со житарки што содржат најмалку 4 грама влакна во една порција.

  1. Мексиканска или тајландска или било каква зачинета храна

Зачинетата храна сигурно е мошне привлечан навечер, но не е препорачлива за пред спиење. Таквата храна е богата со калории и маснотии што може да доведат до киселини во желудникот.

  1. Чизбургер и помфрит

Мрсната и тешка храна може лошо да влијае на вашиот желудник затоа што и’ е потребно долго време за да се свари. Наутро ваквата храна може да ви предизвика чувство на замор и тромавост. Ако веќе сакате да јадете нешто конкретно навечер, одлучете се за мал сендвич со мисиркино месо со леб од интегрално брашно.

  1. Чоколада

Не само што има многу калории и шеќери, таа исто така содржи кофеин што може да ве држи будни. Ако сакате нешто благо испијте филџан топол чај или чаша помалку масно чоколадно млеко. Ако сакате нешто што ќе ве засити, земете крекер со една лажица чоколаден крем и половина филџан млеко.

  1. Газирани сокови

Газираните сокови се еден од најголемите извори на шеќери и празни калории, така што тие очигледно се погрешен избор во кој било дел од денот. Но, доцна навечер, дури и газираните пијалаци без шеќери може да создадат несоница, а содата од соковите може да предизвика киселини и да го вознемири желудникот. Наместо тоа, пред спиење одлучете се за млеко со помала масленост, филџан топол чај или вода.

Најчитани вести