петок, 25 ноември 2016  |  Вести денес: 2

Избелете ги забите со само една состојка

zabi

Последни вести

Јаболковиот оцет има лековити својства… Помеѓу останатите, со него може да ги избелите забите.
Овој оцет добива со ферментација на јаболка, богат е со пектиним и одличен е за прочистување на устата и грлото. Ги убива бактерии, отстранува дамки од забите и го отстранува забниот камен.
Како да го користите јаболковиот оцет за избелување на забите?
Сипете една супена лажица јаболков оцет во една голема чаша со вода (2,5 дл.) и промешајте. Секое утро, пред миење на забите, исплакнете ја устата со оцетот, а потоа исчеткајте ги забите со четка. Потоа измијте ги забите со паста, како и обично.
Важни напомени
Внимавајте да не направите појак раствор од пропишаното зошто така можете да ги оштетите забите.
Секој пат пред миење промешајте ја преостаната течност во чашата.

Најчитани вести