Избоден маж во тепачка меѓу бегалци на хрватско-словенечката граница

Избоден маж во тепачка меѓу бегалци на хрватско-словенечката граница
Избоден маж во тепачка меѓу бегалци на хрватско-словенечката граница

Словенечката полиција соопшти дека едно лице било избодено во судирот меѓу бегалци кои од Хрватска влегуваат во Словенија, пренесоа американските медиуми.

Полицијата информира дека инцидентот се случил рано утринава, во близина на граничниот премин Ригонце.

Ранетиот бегалец веднаш добил медицинска помош.

Заради студеното време и нараснатиот  прилив на бегалци он Западна Европа, зголемено е нетрпението и раздразнетоста меѓу бегалците, пред се затоа што луѓето чекаат во долги редици на границите, пресекувајќи од една држава во друга, забележуваат американските медиуми.