Избодени двајца навивачи на Рома

Двајца навивачи на Рома беа избодени во Рим во пресрет на натпреварот од 37-то коло во Серија А со Лацио, пренесуваат италијанските медиуми.

Како што се наведува, двајцата навивачи се избодени во пределот на стомакот за време на судирот на две навивачки групи во близина на “Олимпико”.

Полицијата брзо интервенирала, а повредените веднаш се пренесени во централната болница и според првите лекарски извештаи не се во животна опасност.

Рома славеше на дерби пресметката во Вечниот град па следната сезона директно ќе игра во Лигата на шампионите.