вторник, 28 март 2017  |  Вести денес: 43

Избор на најдобрите на „Скопски автобуски хакатон“ и „Паметна автобуска постојка“

Натпреварот „Паметна автобуска постојка“ е во организација на Фондот за иновации и Технолошки развој, Министерството за образование и наука, ЈСП Скопје и Град Скопје, Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство од Скопје (ФИНКИ), Машинскиот факултет од Скопје и УНДП.

hakaton

Последни вести

Фондот за иновации и технолошки развој денеска во Скопје ќе ги прогласи победниците на натпреварите „Скопски автобуски хакатон“ и „Паметна автобуска постојка“.

На натпреварот „паметна автобуска постројка“ се изработуваше идејно решение за автобуска постројка на улицата „Димитрие Чуповски“, а победникот на хакатонот ќе патува на глобалниот хакатон за транспорт кој ќе се одржи во Канада, а е организиран од Youth for Public Transport.

„Скопски автобуски хакатон“ е организиран од Фондот за иновации и технолошки развој, во партнерство со Град Скопје, Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство од Скопје (ФИНКИ), Техничкиот факултет во Битола, Технолошки Парк (SEEUTechPark), Факултетот за информатика од Штип и Факултетот за информатички и комуникациски технологии од Битола.

Во рамки на „Скопски автобуски хакатон“, ЈСП распиша јавен повик до сите заинтересирани за изработка на иновативно софтверско решение во насока на зголемување на задоволството од користење на јавниот градски транспорт во Скопје, преку оптимизација на бројот на патници во автобусите на линиите 2, 5, 19, 22 и 57.

Натпреварот „Паметна автобуска постојка“ е во организација на Фондот за иновации и Технолошки развој, Министерството за образование и наука, ЈСП Скопје и Град Скопје, Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство од Скопје (ФИНКИ), Машинскиот факултет од Скопје и УНДП.

Најчитани вести