Македонија

Избор на најдоброто иновативно решение во социјалното претприемништво

Избор на најдоброто иновативно решение во социјалното претприемништво

Во Македонија првпат ќе се додели награда за социјално претприемништво (Social Impact Award 2015), која претставува едукативна програма и натпревар за претприемачки идеи меѓу студенти и млади.

Процесот за избор на најдоброто иновативно решение во социјалното претприемништво  почнува денеска, во организација на Млади инфо интернешнл во соработка со Њу Менс бизнис акцелераторот во Скопје. Конкурсот за наградата ќе биде отворен во периодот јануари-април 2015. Ќе се одржат и бесплатни работилници за развој на бизнис идеја и модели во социјалното претприемништво во Скопје, Тетово и во Штип, со присуство на експерти.

Наградата веќе се доделува во 10 европски држави со поддршка на фондацијата EPCTE и Impact Hub Vienna.

Претставените идеи во рамки на програмата имаат потенцијал да бидат развиени и применети како иновативно решение во областа на социјалното претприемништво. Целта е да се зголеми интересот меѓу малдите за оваа област, како и да се поттикнат да размислуваат за создавање социјални бизниси како можност за развој на сопствена кариера.

За најдобрите три решенија од областа на социјалните бизниси се обезбедени парични награди од 3.000 евра, 2.000 евра и 1.000 евра, како и бесплатно патување во Виена, тримесечно менторство и поддршка во развивање на идејата.