Економија

Избор на најуспешни жени менаџери на агенцијата Марили

Избор на најуспешни жени менаџери на агенцијата Марили

Во Музејот на македонската борба, Агенцијата „Марили“ по 18-ти пат ја организира манифестацијата „Избор на најуспешни жени менаџери од Македонија“. Оваа година покровител на Манифестацијата е министерката за култура, Елизабета Канческа-Милевска.

Во рамките на Манифестацијата ќе биде промовирано и новото издание на Бизнис каталогот на Република Македонија, во кое се опфатени содржини од бизнис инвестициите и претприемништвото во различни дејности и области.

Агенцијата „Марили“, како општествено одговорна компанија оваа година одбележувајќи го своето полнолетство и 18-годишна традиција, во соработка со жените менаџери организираше хуманитарна донација. Средствата собрани од оваа акција се наменети за апарат за биопсија и рана детекција на карциномот, а истиот ќе биде дониран на Клиниката за радиотерапија и онкологија.

Избрани жени менаџери за 2013 година се: Маријана Ангелоска, заменик генерален менаџер, „Ариљеметал“ ДОО Скопје , Скопје, Марина Бадаровска Мишевска, хотел менаџер, „Казино Фламинго“ Хотел, Гевгелија, Маја Димовска, генерален менаџер, „Чоколографија Македонија“, Скопје, Дејаноска, генерален менаџер, ПЗУ “Дентал Интернационал Дејаноски”, Скопје, Евгенија Зафировска, генерален менаџер, Друштво за услуги „БЕСТЕЛ“, Скопје, Фросина Мешкова, генерален менаџер, ПИ „Свисслион“ ДОО, Скопје, Даниела Пиперкоска, генерален менаџер, „Луцерн ВИП“ доо, Скопје, Анета Антова Пешева, генерален менаџер, „УНЕТ УЛТРА“, Скопје, Магдалена Симоновска, генерален менаџер, ДТПУ „ Шевро“ Куманово и Славица Тодоровска, генерален менаџер, Хемофарм А.Д. Претставништво Скопје, додека од општествениот сектор добитничка е Ирена Мишева – Претседател на Совет на Град Скопје.