Избори на 2 ноември во Доњецк

Самопрогласената Доњецка народна република на 2 ноември ќе одржи избори, иако претседателот на Украина Петро Порошенко потпиша нов закон за специјалниот автономен статус на источниот регион на Украина, изјави денеска премиерот на Доњецк, Александар Захарченко.

– Ние нема да го признаеме овој закон. Тој не се однесува на нас, бидејќи го потпиша претседател на друга земја. Ние се подготуваме да одржиме избори на 2 ноември и нема да се откажеме од независноста. Сметаме дека нашата територија е нелегално окупирана, истакна Захарченко.

Порошенко вчера го потпиша Законот за т.н. специјален статус на Доњецк во период од три години, кој е заснован на спогодбата постигната на почетокот на декември во Минск.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.