Избори во Берлин: Партијата на Меркел повторно стравува

На денешните парламентарни избори во германската покраина Берлин, конзервативците на германската канцеларка Ангела Меркел се соочени со многу слаби резултати, додека националистичката партија Алтернатива за Германија (АФД) се надева на нов успех.

Изборите се случуваат две недели по падот на Христијанско-демократската унија (ЦДУ) на трето место на изборите во источната покраина Мекленбург во западна Померанија каде АФД забележа победа.

Тоа е најлош резутат на демохристијаните во покраината каде се наоѓа изборната единица на Меркел.

Резултатите на анкетите покажуваат дека владејачката партија можеби нема да освои комбинирано мнозинство во парламентот во Берлин.