Свет

Избори во САД: Републиканците презедоа целосна контрола врз Конгресот

Избори во САД: Републиканците презедоа целосна контрола врз Конгресот

По големиот успех на изборите за Сенатот и за Претставничкиот дом републиканските кандидати презедоа целосна контрола врз Конгресот во САД.

Републиканците ќе имаат од 52 до 100 сенатори, стабилно мнозинство во Претставничкиот дом, а победија и во важните гувернерски трки во повеќе клучнии или традиционално демократски држави.

Инаку, резултатите се толкуваат како своевиден референдум за претседателот Барак Обама, чии резултати се значително под очекувањата дури и кај неговите најголеми поддржувачи, а има и се помала поддршка.

На меѓуизборите кои се одржуваат на половина од претседателскиот мандат,  учествуваа 435 членови од Претставничкиот дом, 36 членови од Сенатот и 36 гувернери на сојузните држави.

Демократите го контролираа Сенатот во последните осум години, победувајќи дури и во 2010 година кога републиканците имаа одлични резултати.

Излезноста беше околу 38 проценти на национално ниво, стандардно за меѓуизборите. Целосните резултати ќе бидат познати денеска попладне, освен во Лујзијана, каде на 6. декември се одржува вториот круг од изборите за Сенатот.