Изборите поминаа, следува конституирање на Собранието и нова влада

До 31 јануари Трајко Вељаноски, претседателот на Собранието од претходниот состав, треба да ја свика конститутивната седница на новиот пратенички состав. Ако тој тоа не го стори во рок од 20 дена по одржаните избори, тогаш на дваесет и првиот ден од денот на завршувањето на изборите пратениците сами се состануваат и го конституираат Собранието.

Според Уставот, член 63, до 1 јануари во Собранието треба да влезат новите пратеници – 51 на ВМРО-ДПМНЕ, 49 на СДСМ, 10 на ДУИ, петмина на Беса, тројца на Алијансата за Албанците и двајца на ДПА.

Откако ќе се конституира Собранието, претседателот на државата, Ѓорге Иванов има рок од 10 дена да му го даде мандатот за формирање на Влада на „кандидат на партијата, односно партиите што имаат мнозинство во Собранието. Мандаторот во рок од 20 дена од денот на доверувањето на мандатот, на Собранието му поднесува програма и го предлага составот на Владата. Владата, на предлог на мандаторот и врз основа на програмата, ја избира Собранието со мнозинство гласови од вкупниот број пратеници“ (член 90 од Уставот на РМ).