Изборна и конститутивна седница на Европскиот парламент

Во Стразбур се одржува конститутивна сесија на новоизбраниот состава на Европскиот Парламент.

Мартин Шулц, досегашниот претседател на ЕП и предводник на Социјалистите и демократите на европските избори, се надева дека ќе биде реизбран за претседател на ЕП уште при првиот круг при гласање во Стразбур, додека изборот, односно потврдувањето на функцијата Претседател на Европската комисија е закажано за следната сесија, која се одржува по две недели во Стразбур.

Гласањето за претседател на парламентот ќе биде тест за општото расположение на новиот состав на ЕП. Германскиот социјал-демократ Мартин Шулц се надева дека ќе го добие вториот две и пол годишен мандат уште при првиот круг, откако десницата од ЕНП нема да истакне свој кандидат, ова според постигнатиот договор за поделба на претседателството на ЕП.

Но затоа пак Зелените ќе ја истакнат Улрике Луначек за нивни кандидат, Пабло Иглесиас е кандидат нагрупата на радикалната левица и Сајад Карим кандиадат на европските реформатори и конзервативци. Ако изборот на Шулц ќе биде лесен, затоа пак, изборот на Јункер ќе биде потежок, бидејќи повеќе членови на парламентот од Стразбур не се многу ентузиаисти да гласаат за поранешниот луксембуршки премиер.

Во актуелниот состав на ЕП, ниту една политичка група нема мнозинство. ЕНП и СиД постигнаа коалициски договор со што имаат 412 европратеници, 221 од ЕНП и 191 СиД. Но стравувањето од непочитувањето на партиските директиви ги принуди да склучат договор со Европските либерали предводени од поранешниот белгиски премиер Ги Верхофстад. Имено сите досегашни претседатели на ЕП и ЕК биле избрани од редовите на овие три партии. Евроскептиците бројат 170 европратеници, кои се поделени во две групи, а некои не се ни членови на групи со оглед дека Националниот Фронт од Франција не успеа да создаде своја група, пишуваат медиумите.