Изборниот процес се одвива мирно и регуларно

Изборниот процес се одвива регуларно и без никакви инциденти, а гласачките места низ земјава се отворени точно на време.

Поголема излезност се очекува во попладневните часови.

На избирачките места ќе има два извода од избирачкиот список, еден за парламентарните, а вториот за претседателските избори.

Гласачите се обележуваат со мастило на палецот од левата рака според упатството на Државната изборна комисија, додека при гласањето на првиот круг од претседателските избори на 13 април се обележуваше десниот палец. За следење на вториот круг од претседателските  избори и предвремените парламентарни избори се акредитирани 9.952 домашни и 550 странски набљудувачи.

На 3.480 избирачки места во земјата право на глас на претседателските избори имаат 1.779.572 избирачи, а во избирачкиот список за парламентарните избори се запишани 1.780. 128 избирачи. Гласачките места се отворени во 7:00, а ќе бидат затворени во 19:00 часот.

Оваа година првпат на претседателски избори право на глас имаа и македонските државјани во странство. Прифатени во рокот беа пријавите на 8.332 македонски државјани кои имаа можност да гласаат вчера, на ден пред изборите. Исто така вчера гласаа и затворениците, лицата во домашен притвор, внатрешно раселените лица, војниците, како и болните и немоќните лица.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.