Изборот е: Државата или смрт!

Ете зошто, за да бидат ограничени сите тие и други калкулации, ИЗБОРИ НА 24 АПРИЛ МОРА ДА ИМА ПО СЕКОЈА ЦЕНА НЕЗАВИСНО КОЈ ЌЕ УЧЕСТВУВА И КОЈ НЕ, КОЈ ЌЕ ГИ ПРИЗНАЕ И КОЈ ЌЕ ОДБИЕ. ИЗБОРИ МОРА ДА ИМА, И ВЛАДА МОРА ДА БИДЕ ФОРМИРАНА.

Само што избори, победа на ВМРО-ДПМНЕ и реизбор на Груевски за премиер, се само дел од задачата. Постоењето на опозицијата како СДМС, на соросоиди и невладини антидржавни организации /досега повеќе од 70/ ја прави бесмислена секоја победа. Не може да опстои држава во која антимакедонските сили се чувствуваат комотно, добиваат крупни финансии од надвор, имаат политичка и финансика моќ. На сето тоа мора да се стави крај.

ТИЕ КОИ РАБОТАТ ПРОТИВ МАКЕДОНСКАТА ДРЖАВА  – НАДВОР ОД НЕА! „ДЕМОКРАТИЈА“ И ЛИБЕРАЛЕН ОДНОС КОН АНТИДРЖАВНИТЕ ЕЛЕМЕНТИ НЕ МОЖЕ ДА ИМА. НИКАДЕ ВО СВЕТОТ ДИВЕРЗИИ ПРОТИВ ДРЖАВАТА И НАРОДОТ НЕ СЕ ТОЛЕРИРААТ, ТУКУ СЕ КАЗНУВААТ, ПРИ ТОА ЧЕСТО ПАТИ СО СМРТНА КАЗНА. ТАКА МОРА ДА БИДЕ И КАЈ НАС.

Истовремено идната Влада мора да прекине со лигавење кон странските функционери од ЕУ и САД. Тоа додворување е навредливо за целиот македонски народ, да не зборувам за големите македонски интелектуалци на кои бриселските копуци како Ховит, Вајгл, Хан, Ванхауте итн. немаат углед да бидат и послуга. Затоа што и за тоа се бара квалитет.

Во своето обраѓање кон граѓаните со поврзано со изборите на 24 април премиерот Груевски кажа: „Од денес дискусиите за судбината на нашата држава и нација ги водите вие. Од денес зборува народот на оваа држава“. Всушност македонскиот народ зборува подолго време, но политичарите не му посветуваат внимание. Од моите секојдневни средби со луѓе знам дека се повеќе се радикализираат, затоа што во изминатите децении од политичари мафијаши, криминалци, лажни патриоти и атерџии. Тие сакаат цврста рака и ред во државата. И до таков ред ќе дојде независно од политичките и надворешни опструкции. Ние повеќе нема да живееме во заложништво заради кефот на домашните предавници и на наводните „пријатели“ од ЕУ и НАТО. Македонската држава не може да биде заложник на ни една партија, да не зборуваме за рани антимакедонски групации, странски платеници, муртински кругови и др.

Мора сите да сфатиме /и пред се’ домашните предавници/ дека долгото време на антидржавна „демократија“ веќе завршува. Во изминатите 9 години опозицијата не ги разбра напорите на Владата и посебно на Груевски за толерантни односи. За нејзе тие напори беа белег на немоќ, затоа и својата диктатура врз македонците ја пропагираше како диктатура на владејачката партија. Практично, диктатурата беше на политичарите врз македонскиот народ. На таа диктатура на муртински, кривопаланечки итн. криминалци ќе биде ставен крај. Од нив зависи дали тој крај ќе биде цивилизиран (судски) или полош. Ако до датум на изборите, а и по нив продожат со антидржавното однесување, со комуникацијата со терористи и надворешни наши непријатели, тогаш директно ќе разберат како народот си ја брани државата. Тогаш човекољубието на Груевски нема да ги спаси. Ако се паметни, тие македонски изроди /по зборовите на Гоце Делчев/ мора не само рака да бацат на премиерот, туку и свеќа во црква да палат за негово здравје и долго управување.

Животната среќа на сите тие ќе биде и во иднина Груевски да е  премиер, независно што веќе народот нема да му дозволи толку „демократија“ и „либерализација“ кон нив.

Бидејќи секоја толеранција има граници. Кај нас тие граници одамна се поминати. Затоа народот ќе го има зборот и дејствието. Тие ќе бидат сурови, соодветни на големата намаченост на македеноците во времето на транзиција.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.