Спорт

Изборот на Македонија е групата А

Изборот на Македонија е групата А

Женската репрезентација на Македонија до 17 години ќе игра во групата А на Европското првенство што летово ќе се одржи во Скопје. Противници на Македонија ќе и бидат Шведска, Словенија и Чешка.

Според пропозициите, првите две репрезентации од секоја група продолжуваат да разигруваат за медал, во две новоформирани групи, а другите разигруваат за пласман од 9 до 16 место.

Откако беа извлечени репрезентациите од трите барабани, Македонија како домаќин имаше шанса да ја избере групата во која сака да игра. По кратката консултација Јуле Дамчевска објави дека сме решиле да играме во А групата. Тоа значи доколку продолжиме понатаму во Главната фаза би вкрстиле со репрезентациите од Групата Б.

Ждрепка за ЕП за кадетки:

Група А: Шведска, Словенија, Македонија, Чешка

Група Б: Русија, Романија, Германија, Шпанија

Група Ц: Португалија, Хрватска, Франција, Холандија,

Група Д: Данска, Норвешка, Унгарија, Словачка,