Избран најдобриот полицаец за 2013-та во општина Гази Баба

Градоначалникот на општина Гази Баба, Тони Трајковски, му подари телевизор на Јонче Стоилковски, најдобриот полицаец за 2013 година од полициската станица Гази Баба.

Општина Гази Баба на овој начин се заблагодарува и му оддава признание на полицаецот кој покажал најдобри резултати во работењето во 2013 година, а воедно ова е и начин да се поттикнат сите вработени во ПС Гази Баба да дадат максимум во реализацијата на своите професионални обврски, што резултираат со вакви или слични награди и признанија.