Избран новиот премиер на Украина

Украинскиот парламент го потврди изборот на Владимир Гројсман за нов премиер на земјата, пренесува „Танјуг“.

Претседателот на Украина Петро Порошенко, претходно го именуваше Гројсман за нов премиер на земјата, откако доскорешниот премиер Арсениј Јацењук поднесе оставка.

Пратениците со 257 гласа „За“ и 50 „против“ ја потврдија оставката на Јацењук и го избраа Гројсман за нов претседател на владата. Јацењук во една телевизиска емисија објави дека донел одлука да поднесе оставка.

Мојата одлука се заснова на неколку причини: вештачки предизвиканата политичка криза во владата, желбата да се смени една личност ги заслепи тие политичари и ја парализира нивната волја  да донесат вистински промени во земјата, вели Јацењук.

Арсениј Јацењук неодамна поднесе оставка
Арсениј Јацењук неодамна поднесе оставка

Неможеме да дозволиме дестабилизација на извршната власт за време на војната, но тоа би било неизбежно, ако по оваа оставка веднаш не биде исбрана нова влада во Украина, вели тој.