Македонија

Избран спортист на годината

Избран спортист на годината

Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, Претседателот на Советот на Град Скопје, Ирена Мишева и советниците во Советот на Град Скопје, членови на Комисијата за спорт и млади, денеска им доделија признанија на најдобрите спортисти, тренери и екипи  на Град Скопје за 2014 година.

– Добродојдовте во просториите на Град Скопје, на оваа свечена, традиционална, славеничка манифестација, која, во соработка со Сојузот на спортови на Скопје, се одржува по повод доделувањето на годишните награди за спортистите, тренерите, екипите и спортските работници.Од срце ви честитам за трудот и за залагањето во постигнувањето на вашите резултати за почит, достигнувањата кои го афирмираат нашиот град, но и Република Македонија. Чувствувам гордост, што како Градоначалник на Град Скопје имам чест да Ве поздравам и да Ви честитам на вас спортистите, тренерите, спортските работници и на екипите што постигнавте завидни, извонредни резултати на најсилните европски и светски натпревари, претставувајќи го достоинствено Градот Скопје и Република Македонија, како најефикасните можни амбасадори. Сакам да потенцирам, дека од Градот Скопје секогаш ќе ја имате поддршката – финансиска, логистичка, морална, со цел и натаму да се радуваме и да ги славиме успесите. Покрај вложувањата на Град Скопје во врвниот спорт, во рамките на нашите можности ќе ја продолжиме поддршката и  вложувањата во нашата база и иднина, средношколскиот спорт, кој изминативе години направи очигледен напредок и пробив, според планираното и според ветеното.  За тоа, секако говорат и резултатите и масовноста, но и успесите кои нашите средношколци, со огромно залагање на своите професори,  во континуитет ги постигнаа и ќе ги постигнуваат на гостувањата во збратимените градови –  Ниш, Загреб, Белград, Софија, Љубљана, а се подготвуваат за натпреварите во Истанбул.

Вам и на Вашите семејства, од срце Ви ги честитам претстојните празници и Ви пожелувам уште подобри постигнувања секоја наредна година, истакна градоначалникот Трајановски.

Денеска на свеченоста по повод прогласувањето на најуспешните беа избрани најдобрите 10 спортисти сениори, најдобрите 5 спортисти младинци, најдобрата екипа и најдобрите тренери.

ЗА ПОСЕБНИ ДОСТИГНУВАЊА ВО СПОРТОТ ПРИЗНАНИЈА ДОБИЈА:

  1. Јуниор” Скопје, Школа за мини баскет, 20 години постоење со успешна работа и масовност во кошаркашкарскиот спорт.
  2. Цветан Димов” Скопје, Карате клуб, 40 години постоење со активна и успешна    работа на клубот.
  3. Назми Али, Тренер по борење во Боречки клуб “Тефејуз” Скопје, успешна работа со младински категори, 30 години активност. Борачите под негово водство биле носители на медали од евроспки и светки пртвества.
  4. Јовица Јованчев, Ултра маратон / Планинско трчање, успех на најтешката ултра маратонска трка околу Монд Блан низ 3 држави; Франција, Италија и Швајцарија во должина од 168 км / неофоцијално Светско првество / и учество и на 3 светски трки со должина од 100 км
  5. Александар Чекоров и Александар Смилков, ГИНИСОВ РЕКОРД во туркање на автомобил, на 14.12.2014 год. за 24 часа истуркаа 95 км, претходниот рекорд го држеа американците од 2008 година со истуркани 82,4 км.

За најдобар спортист со телесен инвалидитет е прогласен Ристо Фотевски, успешен спортист во повеќе дисциплини: шах, пинг-понг, трки со инвалидски колички на 100, 200 и 400 метри и фрлање на чуњеви.

ЗА НАЈДОБРИ СПОРТИСТИ МЛАДИНЦИ БЕА ИЗБРАНИ:

1. Мери Јанева,  за освоено 3 место на Светско првенство во куглање во двојки и  државен првак на Македонија во поединечна конкуренција и Александар Соколовски за освоено 3 место на Светско првенство во куглање во двојки, државен првак на Македонија во поединечна конкуренција.

2. Бојан Јанкуловски, Тенис, ТК „Југ” Скопје, државен првак, 1/4 финале во Европа серија / АТП/, од 1218 тенисери до 16 г. рангиран на 2 место, од 39 натпревари во сингл 35 победи, од 16 натпревари во двојки 9 победи, настапи со репрезентацијата во Дејвис Куп.

3. Филип Талевски, Ракомет, РК „Металург” Скопје, настапи во ЛШ, член на јуниорската и сениорската репрезентација на Македонија.

4. Бобан Илиоски, Кик бокс, 3 место на Светско првество во Римини Италија, 1 место на Светски куп во Бихаќ, Б и Х.

5. Бехар Махмути, Борење, БК „18 Август” Скопје, државен првак и член на репрезентацијата, 1 во место на Медитерански игри.

ЗА НАЈДОБРИ ТРЕНЕРИ СЕ ИЗБРАНИ:

1.Иван Лесевски, Скијање, СК „Работнички” Скопје, учесник на 4 Олимпијади, 29 место – Слалом на Олимписките игри во Сочи Русија.

2. Индира Кастратовиќ ЖРК „Вардар” 3 место во Европа во Лигата на Шампиони, државен првак и куп победник на РМ.

За најдобра екипа е избрана екипата на ЖРК “Вардар” Скопје,  државен првак и куп победник на РМ и освоено 3 место во Европа во лигата на шампиони,  и  пласман во Топ 8 за 2015.

За најдобар спортист од странство е прогласен Тимур Дибиров, ракометар на  РК „Вардар“ Скопје, настапи во европската  лига на шампиони во Топ 8, првак со РК „Вардар“ во СЕХА Лига.

За особено постигнување – Подвиг на годината награда доби Здравко Дејановиќ, Високо горско / алпинистичко остварување, член на ПК “Бистра” Скопје, во К 2 го освои најтешкиот врв во светот  8611 метри,  само Монт Еверест  со 8848 метри и уште 3 други највисоки врвови остана како предизвик.

ЗА НАЈДОБРИ СПОРТИСТИ СЕНИОРИ СЕ ПРОГЛАСЕНИ:

1. Антонио Ристевски, скијање, СК „Работнички”, 29 место во слалом

на Олимписките игри во Сочи Русија, настапи на 360 меѓународни натпревари од кои на 7 светски првенства и 2 олимпијади.

2. Игор Стефановски, Автомобилизам, АК„ Про Спорт”, шампион на

Македонија 10 години во ридско брзински трки, 1 место / шампион на Европа / во ридско брзински трки, од 12 трки победи во 8 трки.

3 / 4. Томи Стефановски, маратонско пливање, 2 место на светска ранг листа, учество на 7 светски маратони за ранг листа.

3 / 4. Евгениј Попацев, маратонско пливање, 2 место на светска ранг листа, учесник на 5 меѓународни маратони за ранг листа.

5. Јулија Николиќ, Ракомет, ЖРК „Вардар”, 3 место во Европа во Лига на шампиони, државен првак со клубот и куп победник на РМ.

6. Стојанче Стоилов, Ракомет, РК „Вардар”, учесник мегу 8 најдобри екипи во Европа во Лигата на шампиони, со клубот оствари пласман меѓу 8 екипи во Лигата на шампиони за 2015 година, редовен член во репрезентацијата.

7. Ренато Вугринец, Ракомет, РК „Металург”, учесник во Европа во Лига на шампиони, еден од најдобрите стрелци во клубот, член на репрезентацијата.

8. Јасин Реџалари, Борење, БК „Лирија” Скопје, 8 место на Европско првенство, 1 место на Медитерснски игри, репрезентативец и кандидат за на Олимписки игри.

9. Симона Заборска, Карате, КК“Макпетрол” Скопје, 9 место на светско првество во Бремен Германија, 2 место на Балканијадата во  Охрид  во категорија до 55 кг.

10. Јасир Асани, Фудбал, ФК „Вардар”, првотимец, голгетер и член на јуниорската репрезентација на Македонија.

Од името на добитниците на признанијата се заблагодари Антонио Ристевски, кој истакна дека огромно е задоволството да се добие ова признание и дека тој го посакувал и им се заблагодари на сите што го поддржувале во неговите напори да постигнува спортски успеси.