вторник, 24 јануари 2017  |  Вести денес: 0

Избрана новата хрватска Влада

Новиот владин кабинет ја доби поддршката на 83 пратеници од вкупно 151.

Избрана новата хрватска Влада

Избрана новата хрватска Влада

Последни вести

Хрватскиот парламент синоќа ја одобри новата Влада, составена од десноцентристичка коалиција и предводена од премиерот Тихомир Орешковиќ.

Новиот владин кабинет ја доби поддршката на 83 пратеници од вкупно 151.

Клучна задача на идната Влада на најновата земја-членка на ЕУ ќе биде зголемување на бруто домашниот производ за над три отсто, намалување на државниот долг за помалку од 80 проценти од БДП до 2020 година, намалување на буџетскиот дефицит до под три отсто од БДП до следната година, зголемување на извозот за 30 проценти, намалување на невработеноста под 14 отсто и зголемување на БДП по глава на жител до 2.000 евра.

Претставувајќи ја својата програма Орешковиќ истакна дека главна цел на неговата Влада ќе биде подобрување на економската и социјалната ситуација во Хрватска и зголемување на животниот стандард.

Најчитани вести