Избрана новата косовска Влада, Тачи вице-премиер

Пратенците во косовското Собрание денеска ја избраа новата Влада на Косово, чиј претседател е лидерот на Демократскиот сојуз на Косово (ЛДК), Иса Мустафа.

„За“ избор на Владата гласаа 73 пратеници, 38 беа „против“, а двајца се воздржаа од гласање.

Косовската Влада има тројца вице-премиери, Хашим Тачи, кој воедно е и министер за надворешни работи, Кујтим Шаља, кој ќе раководи и со ресорот труд и социјална политика, и Бранимир Стојановиќ.

Министер за евроинтеграции е Беким Чолаку, за внатрешни работа Скендер Хисени, за безбедносните сили Хаки Демоли, за правда Хајредин Кучи и за финансии Авдулах Хоти.

Валон Мурати е министер за дијаспора, Блеранд Ставлеци е министер за економски развој, Мемљи Красниќи ќе раководи со ресорот земјоделство, Арсим Бајрами со образование, а Едита Тахири е министер без ресор.

Министер за просторно планирање е Ферид Агани, за здравство Имет Рахмани, за култура и спорт Арбан Абраши, за инфраструктура Лутфи Жарку, за локална самоуправа Љубиша Мариќ и за заедници и враќање на раселените лица Александар Јаблановиќ.