Избрани најдобрите трговски објекти во Скопје за 2016 година

Се оценувал изгледот и пристапот до објектот, снабденост со стока, аранжирање на просторот, услуга на персоналот, помош при изборот на производот, хигиена пред и во објектот, начинот на плаќање, начинот на истакнување на цените на производите, состојба на опремата и на униформите.

Во категоријата „Модни додатоци и накит“ најдобри трговски објекти се Божиновски, Б – Воч и Златар Тони, во категоријата „Апарати за домаќинство, бела техника и се за дома“ се Агротехна, Нептун и Елипсо, во категоријата „Компјутерска, аудио, аудио – видео и телекомуникациска опрема“ – Телеком продавница, Сони Галерија и НИКО КОМПЈУТЕРИ.

Според оценките на тајните купувачи, во категоријата „Бутици“ најдобри трговски објекти се Бела, Хуго Бос и Кеги Шуз, во категоријата „Парфимерии и козметика “ Шатци, Ри-Ма и L’ OCCITANE, а во категоријата „Салони за мебел“ Кристина Дамил, Акрон и Технокооп.

Во категоријата „Супермаркети“ за најдобри трговски објекти се прогласени Гранап, Рамстор и Тинекс.

Изборот по десетти пат го спроведуваат Град Скопје и Агенцијата SWOT Research, активност која што и оваа година се реализира во рамките на проектот „Месец на трговијата”.

Наградите за најдобрите трговски објекти за 2016 година ги додели градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски.

– Истражувањата на проектот „Месец на трговијата” се спроведоа во текот на месец ноември, каде тајните купувачи по направената евалуација изготвија извештаи кои се изработени по одредените критериуми, како што се изгледот и пристапот до објектот, снабденост со стока, аранжирање на просторот, услуга на персоналот, помош при изборот на производот, хигиена пред и во објектот, начинот на плаќање, начинот на истакнување на цените на производите, состојба на опремата и на униформите, рече Трајановски.

Додаде дека целта на оваа манифестација е да се поттикне развојот на трговијата и занаетчиството и да укаже на потребата од следење на современите текови и примената на модерните технологии во овие стопански гранки, како и да се изврши сондирање на квалитетот на услугите во трговијата во повеќе дејности на ниво на Скопје.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.