Избрани најуспешните менаџерки во Македонија

Агенцијата „Марили“ и годинава ги избора најуспешни жени менаџери од Македонија. Изборот на кандидатките за најуспешните жени-менаџери се прави според одредени критериуми  од приватни успешни компании, од различни области и дејности.

Како што информираа од Агенцијата, годинава во 10-те најуспешни се: Мара Акимовска, макретинг менаџер од „Ел Фарма“, Тања Анѓушева, доктор во Специјалната болница по хируршки болести „Филип Втори“, Даниела Дабеска, генерален менаџер на резиденција „Дабески“, Кармен Михајлоска, велнес тренер од „International Millionaire Team @ Herbalife“, Елизабета Пановска, генерален менаџер на „Бета медико“, Бранка Славеска, генерален директор на „Хајнекен“ Хрватска, Олгица Спасевска, директор на одделот за човечки ресурси во „Шпаркасе банка“, Анита Спасовска, генерален извршен директор на „Бучен козјак“, Оливера Стојановска, управител на „Медикус“ и Љубица Џониќ, менаџер на „Аграр – плус“ од село Црничани, Дојран.

Свеченоста на која на најуспешните менаџерки ќе им бидат доделени признанија ќе се одржи утре во „Сити Хол“.