Избрани останатите членовина БД и потпретседатели на BEREC

Избрани и останатите членови на Бордот на директори и Потпретседатели на Европското тело на регулатори за електронски комуникации (BEREC), соопштуваат од Агенција за електронски комуникаци.

„Делегација од Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) на чело со Директорот Роберт Орданоски минатата недела присуствуваше на Пленарната седница на Европското тело на регулатори за електронски комуникации (BEREC) во Будимпешта, Унгарија, на која присуствуваа највисоките претставници на регулаторните тела од земјите членки на Европска Унија, земјите кандидати за проширување и земјите членки на ЕФТА“, информираат од АЕК.

На оваа Пленарна седница, меѓу останатите работи предвидени со дневниот ред, покрај Роберт Орданоски кој е претставник од земјите кои учествуваат во работата на BEREC, а не се членки на Европската Унија, беа избрани останатите членови, потпретседатели, на Бордот на директори на BEREC за 2014 година.