Избрани претседателите на десничарската партија АfD

александер голанд, еден од двајцата челници на afd/©Julian Stratenschulte/dpa

Јерг Мојтен и Александер Голанд во саботата вечерта се избрани на партискиот конгрес во Хановер за претседатели на евроскептичната и антидоселеничка партија Алтернатива за Германија (AfD).

„Ние сме единствените во оваа земја коишто водат родољубива политика“, изјави Мојтен на почетокот од дводневниот партиски конгрес на кој претставниците на базата избираат ново претседателство на партијата. Тој на германската канцеларка Ангела Меркел ѝ префрли дека „целосно потфрлила“ по сите политички прашања.

„Годинава беше добра за нас и сегашните кавги околу формирањето на владејачката коалиција се само вода на нашата воденица“, додаде Мојтен обраќајќи им се на пратениците алудирајќи на тешкотиите на другите парламентарни партии во составување на коалициска влада, а сите децидно одбиваат коалицирање со AfD.

Меутен заклучи дека партијата „самосвесно“ влегува во составот на новиот Бундестаг. AfD на парламентарните избори кон крајот на септември освои 13,2 отсто од гласовите, и како најмлада партија влезе во германскиот парламент како трета политичка групација.

Доколку демохристијанската Унија CDU/CSU и Социјалдемократската партија на Германија (SPD)договорат продолжување на ткн „голема коалиција“, AfD ќе ја предводи опозицијата во Бундестагот.

За второто место во двократното претседателство на партијата се бореа умерениот претставник Гоерг Паздерски и противкандидатката која ја поддржува радикалното крило на Бјорн Хоке, Дорис фон Зајн Витгенштајн, но и двајцата по два неуспешни круга ја повлекоа својата кандидатура по што неочекувано се кандидираше досегашниот претседател на пратеничката група на AfD. Голанд, кој важи за претставник на поекстремното крило на партијата.

Дводневната партиска конвенција започна со задоцнување поради протестите на околу 6.500 демонстранти кои ги попречуваа доаѓањето на делегатите на конгресот. Претходно во саботата дојде и до судири на демонстрантите со полицијата во која имаше неколку повредени лица.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.