Свет

Избрани првите 1.000 жители на Марс

Избрани првите 1.000 жители на Марс

Најмалку 1.000 кандидати се избрани од 200.000 пријавени за колонизација на црвената планета.

Првата селекција на луѓе кои ќе патуваат на Марс без можност за враќање е одбрана од фондацијата „Mars one“, пренесе АФП.  Целта на мисијата е Марс да биде населен до 2025 година.

Откако биле извршени голем број на тестови, Фондацијата избрала 1.058 лица, од кои 586 мажи и 472 жени, со просечна старост од 35 години. Колонизаторите на Марс се одрани врз основа на строги критериуми и бројни селекции, меѓу кои и „цврст дух“, „чувство за игра“ и „добро расудување“.

Проектот е замислен да се одвива во повеќе етапи, во првата етапа во 2015 година, од 6 до 10 екипи кои ќе бидат составени од по четири луѓе ќе имаат подготовки за заминување на Марс.

Прва заминува екипата која ќе биде најдобро подготвена и која ќе има задача на Марс да пронајде извор на кислород, вода и да почне да одгледува нешто што ќе може да се прехрани. Втората екипа заминува во 2018. година.

Целиот проект чини над шест милијарди долари.