четврток, 25 мај 2017  |  Вести денес: 43

Избрани тројца нови претседатели на судови

На денешната седница се усвои и Правилникот за додатоци на плата, нивната висина и начинот на утврдување за судиите во Република Македонија.

Избрани тројца нови претседатели на судови

Избрани тројца нови претседатели на судови

Последни вести

Судскиот совет на Република Македонија на денешната седница ги избра Елизабета Манели Ташевска за претседател на Апелацискиот суд Битола, Дарко Ристов за претседател на Основниот суд Кочани и Милчо Клишески за претседател на Основниот суд Охрид.

Претседателот на Судскиот совет Бранко Ушковски најави дека  покрај огласот за избор на тројца судии во Врховниот судденеска ќе се објави и оглас за избор на судии во основните судови, за завршените кандидати од 5-та генерација на Академијата за судии и јавни обвинители, кои ја заокружија нивната двегодишна обука за судии, со што веднаш се подготвени да бидат вклучени во професијата, а истовремено и да се соочат и со предизвиците кои ќе ги носи нивната судиска функција.

На денешната седница се усвои и Правилникот за додатоци на плата, нивната висина и начинот на утврдување за судиите во Република Македонија.

Најчитани вести