Избрани ученици – лидери на струки во 2015/2016 година

Согласно програмата за работа на Владата на Република Македонија за периодот 2014 – 2018 година, Министерството за образование и наука во соработка со Центарот за стручно образование и обука, а со поддршка на професори од високо образовните установи во државата и претставници на бизнис заедницата, втора учебна година по ред го имплементираа проектот „Лидер“, во чии рамки се организираат натпревари на локално и државно ниво помеѓу ученици од сродни образовни профили во завршните години во средните стручни училишта.

Со тоа, по втор пат во една средношколска генерација, се избраа ученици – лидери на струки.

Имено, во оваа учебна 2015/2016 година за учество во натпреварите, кои се одвиваа најпрво на ниво на училиште, а потоа и на државно ниво, се пријавија 184 средношколци од 28 образовни профили во 10 струки и тоа: машинска, хемиско – технолошка, угостителско туристичка, електротехничка струка, лични услуги, сообраќајна струка, здравствена, економско – правна и трговска струка, земјоделско – ветеринарна и градежно – геодетска струка.

Победниците, заедно со нивните наставници ментори, освен признанија како потврда на постигнатиот успех, ќе добијат и паричен надоместок во висина од 50% од износот на просечната нето плата во земјата во тековната година.

Министерството за образование и наука се заблагодарува на сите ученици кои изразија интерес за учество, а на победниците им честита на постигнатиот успех.

Во прилог листа со победниците.