Избувна пожар во зградата на Министерство за одбрана и ГШ на АРМ

Поради дефект во електрична инсталација во објектот на Министерството за одбрана и Генералштабот на АРМ во петокот околу 17 часот избувнал пожар во кој нема повредени, а материјалната штета дополнително ќе се утврдува, соопшти денеска МВР.

Според полицискиот билтен, вчера околу 17 часот било пријавено дека на улицата „Орце Николов“, поточно во објектот на Министерство за одбрана и Генералштабот на АРМ, поради дефект во електрична инсталација во зградата настанал пожар, кој зафатил и дел од покривната конструкција.

Пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.