Изчезнаа маж од Аеродром и тинејџерка од Волково

Скопјанка на 39-годишна возраст, вчера во 16.30 часот во полициската станица Аеродром пријавила дека околу 9,55 часот од засега непознати причини, од дома исчезнал нејзиниот сопруг И.А.(39).

Во полиската станица Ѓорче Петров, исто така вчера, во 16,50 часот, 21-годишниот К.Т од селото Волково, скопско, пријавил дека во 3 ноември во 14 часот од дома заминала и не се вратила неговата 19-годишна сестра Н.Т.(19).

Полицијата соопшти дека преземаат мерки за пронаоѓање на двајцата исчезнати скопјани.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.