Издадена потерница по две лица вмешани во престрелката во Париз

Француската полиција издаде јавна потерница по двете лица вмешани во престрелките во Париз, јави дописникот на МИА од францускиот главен град.

Се работи за 32-годишниот Амеди Кулибали од Жувиси-сур-Орж во парискиот регион, тесно поврзан со браќата Куаши, кои се забаракадирани во една печатница во Дамартан-ан-Гуел заедно со еден заложеник и кои се одговорни за масакарт во неделникот „Шарли Ебдо“.

Тој беше вмешан во плановите за бегство од затворот на Самин Аит Али Белкакем, член на алжирската исламистичка група ГИА, кој беше осуден на доживотен затвор за учеството во атентатите од 1995 во метрото Сант Мишел. Во 2010 година кога беше уапсен, кај него беше пронјаден калашников со 300 куршуми.

Во истата акција беше уапсен и помладиот Куаши, Шериф, додека неговиот брат, како што денеска објавија америакнските служби, бил обучуван за терористички акции од Ал Каида во Јемен.

По девојката на Амеди Кулибали, 26-годишната Хајат Бумедијен исто така е распишана полициска потерници и се смета дека вмешана во двете престрелки.

Полицијата изутринава изврши претрес во домот на родителите на Кулибали, при што пронајде документи со радиклана исламистичка содржина.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.