Издадена потреница за уште едно лице вклучено во бриселските напади

Белгиските власти идентификуваа уште едно лице за кое се верува дека било вклучено во нападите во Брисел, јавуваат белгиските медиуми.

Станува збор за Сириецот, Наим Ел Хамед. Овој 28-годишен маж е на безбедносните листи во другите европски земји заедно со Мохамед Абрини, Наџим Лашаруи и Халид Ел Бакрауи.

naim-al-hamed

Властите го опишуваат човекот како мошне опасен и вооружен. Тој е роден на 1-ви јануари 1988 година во Хамас (Сирија).

Дел од белгиските медиуми пишуваат дека Ел Хамед исто така бил вклучен и во нападите во Париз.