Издадени 1.636 потврди за барање азил за 24 часа

МВР во текот на вчерашниот ден издало вкупно 1.636 потврди за барање азил на странски државјани, од кои, 1.070  се од машки пол, 183  се од женски, 333 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 50 деца кои патуваат без родител.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди за барање азил, најбројни се државјаните на  Сирија-934, Авганистан – 317,  Ирак-281, додека другите се во помал број.

Издадени вкупно 100.238 потврди за барање азил

Во периодот од 19.06. до 27.09. издадени се потврди за барање азил на вкупно 100.238 странски државјани, од кои, 66.531 се од машки пол, 13.508 се од женски, 16.966 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 3.199 деца кои патуваат без родител, на кои им е издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-75.950, потоа Авганистан-10.606, Ирак-6.230, Пакистан-2.683, Палестина-1.105, Сомалија-635, Бангладеж-631, Иран-585, Конго-368, Нигерија-222, Камерун-178, Еритреја-163, Етиопија-126, Судан-114, додека останатите се во помал број.

 

Поднесени 50 барања за азил

Во периодот од 08,00 часот на 26.09.2015 до 27.09.2015 година во 08,00 часот до Одделението  за азил не се поднесени  барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Од започнувањето на издавањето на потврдите до 27.09.2015 година до Одделението  за азил се поднесени 50 барања  за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда , при што 37 барања се од државјани на Сирија, од нив 10 за деца, потоа три барања од државјани од Пакистан и Авганистан од нив четири се деца кои го придружуваат родителот, по две барања од државјани од Мароко, Алжир и Ирак (едно од барањата е за деца) и едно барање од државјанин на Египет.