недела, 20 август 2017  |  Вести денес: 47

Издадени 2.843 потврди за намера за барање азил

migranti

Поврзани вести

Во последните 24 часа издадени се потврди на вкупно 2.843странски државјани, од кои 1.205 се од машки пол, 572се од женски, 1.061 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште пет деца кои патуваат без родител, на кои издадена е потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, стои во денешното соопштение од МВР, најбројни се државјаните на Сирија 1.603,  Авганистан 897и Ирак 343.

Во периодот од 00,00 часот на 01.01.2016 до 24,00 часот на 05.01.2016 година, издадени се потврди на вкупно 11.766 странски државјани, од кои, 4.868 се од машки пол, 2.465 се од женски, 4.396се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 37 деца кои патуваат без родител, на кои им е издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија 5.190, Авганистан 3.954и Ирак 2.622.

Во периодот од 00,00 часот на 01.01.2016 година до 24,00 часот на 05.01.2016 година, до Секторот  за азил поднесени се три барањаза признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил на четири малолетни лица од Авганистан.

Во соопштението се посочува дека во периодот од 00,00 до 24,00 часот на 05.01.2016 година, до Секторот за азил не се поднесени  барањаза признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Од страна на мобилните тимови на Црвениот крст, во периодот од 21:00 часот на 04.01.2016 година до 21:00 часот на 05.01.2016 година на ГП Табановце и Гевгелија укажана е прва помош и асистенции во голем број случаи, а прибрани се и донации од различни донатори наменети за мигрантите.

Најчитани вести