Издадени 427 потврди за барање азил за 24 часа

Издадени нови 616 потврди за поднесување барање за право на азил
Издадени нови 616 потврди за поднесување барање за право на азил

Вкупно 427 потврди за барање азил на мигранти се издадени за 24 часа, од кои, 233 се мажи, 65 се жени, 115 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 14 деца кои патуваат без родител.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-381, Ирак – 42, Бангладеж – три, додека другите се во помал број.

Вкупно 33.767 издадени потврди

Во периодот од 19.06.2015 до 14.08.2015 година во 08,00 часот, издадени се потврди на вкупно 33.767 странски државјани, од кои, 23.549 се од машки пол, 4.561 се од женски, 5.251 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 406 деца кои патуваат без родител, на кои им е издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-26.561, потоа Авганистан-1.996, Ирак-1.745, Пакистан-1079, Сомалија-547, Палестина-507, Конго-294, Камерун-134, Еритреја-132, Нигерија-126, Етиопија-108, додека останатите се во помал број.

41 барател на азил

Од започнувањето на издавањето на потврдите до 14.08.2015 година до Одделението за азил се поднесени 41 барања  за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда, при што 31 барања се од државјани на Сирија за азил од нив 10 за деца, потоа три барања од државјани од Пакистан, по две барања од државјани од Мароко, Алжир и Ирак (едно од барањата е за деца) и едно барање од државјанин на Египет.

Во ЈУ Прифатен центар за баратели на азил во дневниот регистар на баратели на азил за 13.08.2015 година е евидентиран 1 барател на азил (маж).

Од вкупниот број на баратели на азил кои се присутни во ЈУ Прифатниот центар,  не се евидентирани баратели на азил со повреди, бремени барателки на азил и малолетни лица без придружба на старател.

Активности на Црвен крст

Извештај за мобилните тимови на Црвен крст на 13.08.2015, до 17.00 часот, мобилните екипи укажаа прва помош на вкупно 204  лица, меѓу кои 30 трудници, од кои 118 интервенции на железничката станица во Гевгелија и 86 интервенции на Табановце.Транспортиранo e 1 лицe до Гевгелиската Општа болница.

До 17.00 часот, дистрибуирано е:

  • 372 шишиња вода

  • 59 пакети со храна

  • 43 хигиенски пакети за жени

  • 43 хигиенски пакети за мажи

  • 38 пакети за прва помош

  • 60 пелени

  • 8 кебиња