Издадени 5.979 потврди за барање азил за 24 часа

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден издало потврди за искажување на правото за азил на 5.979 мигранти, од кои 2.907 се мажи, 1.191 се жени, 1.417 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 464 деца кои патуваат без родител.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-3.022, Авганистан–1.940, Ирак-1.014, додека другите се во помал број.

Во периодот од 19 јуни до вчера, издадени се потврди на вкупно 276.306 странски државјани, од кои 160.992 се од машки пол, 42.734 се од женски, 57.822 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 14.758 деца кои патуваат без родител, на кои им е издадена потврда за искажана намера за поднесување барање за признавање право на азил.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-167.705, потоа Авганистан-63.009, Ирак-24.159, Иран-6.231, Пакистан-5.416, Палестина-2.158, Сомалија-1.276, Бангладеш-1.253, Мароко-1.311, Конго-514, Либан-434, Алжир-453, Нигерија-277, додека останатите се во помал број.

Во периодот од изминатите 24 часа, според МВР, до Одделението за азил поднесени се пет барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил од државјани на Авганистан, а со нив се и четири деца кои го придружуваат родителот .

Од започнувањето на издавањето на потврдите до 22 ноември 2015 година до Одделението за азил се поднесени 75 барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда, при што 51 барања се од државјани на Сирија, од нив 15 за деца, потоа 10 барања од државјани на Авганистан со нив се и осум деца кои го придружуваат родителот, три барања од државјани од Пакистан, по две барања од државјани од Мароко, Либан, Палестина, Алжир и Ирак, четири од барањата се за деца и едно барање од државјанин на Египет.

Во ЈУ Прифатен центар за баратели на азил во дневниот регистар на баратели на азил вчера евидентирани се вкупно седумнаесет баратели на азил од кои пет баратели на азил се мажи, четири барателки на азил се жени и шест баратели на азил се малолетни лица со придружба на старател. Дополнително, согласно член 48 од Законот за азил и привремена заштита, осум баратели на азил, две малолетни лица со придружба на старател, двајца мажи и четири малолетни лица без придружба на старател, се згрижени на друго место за сместување определено од Министерството за труд и социјална политика.