Издадени 614 потврди за барање азил на мигранти

МВР за еден ден издало 614 потврди за барање азил на мигранти.

Од вкупно 614 потврди 441 се издадени на мажи, 81 на жени, 81 на деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 11 на деца кои патуваат без родител, стои во соопштението на МВР.

Најбројни мигрантите од Сирија

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-574, Бангладеж-10,Нигерија –девет,Сомалија – шест, додека останатите се во помал број.

Од законските измени издадени вкупно 32.388 потврди

Во периодот од 19.06.2015 до 12.08.2015 година во 08,00 часот, издадени се потврди на вкупно 32.388 мигранти, од кои, 22.703 се од машки пол, 4.359 се од женски, 4.959 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 367 деца кои патуваат без родител, на кои им е издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-25.286, потоа Авганистан-1.990, Ирак-1.667, Пакистан-1078, Сомалија-547, Палестина-492, Конго-294, Камерун-134, Еритреја-132, Нигерија-126, Етиопија-108, додека останатите се во помал број.

Поднесено 41 барање на азил

kale-migrantiОд започнувањето на издавањето на потврдите до 11.08.2015 година до Одделението за азил се поднесени 41 барања  за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда , при што 31 барања се од државјани на Сирија за азил од нив 10 за деца, потоа три барања од државјани од Пакистан, по две барања од државјани од Мароко, Алжир и Ирак (едно од барањата е за деца) и едно барање од државјанин на Египет.

Во ЈУ Прифатен центар за баратели на азил во дневниот регистар на баратели на азил за 11.08.2015 година се евидентирани вкупно 3 баратели на азил, сите мажи.

Од вкупниот број на баратели на азил кои се присутни во ЈУ Прифатниот центар, не се евидентирани баратели на азил со повреди, бремени барателки на азил и малолетни лица без придружба на старател.

Активности на Црвениот крст

crven_krst23

Извештај за мобилните тимови на Црвен крст на 11.08.2015, до 17.00 часот, мобилните екипи на Црвен крст укажаа прва помош на вкупно 142  лице, меѓу кои 29 трудници, од кои 79 интервенции на железничката станица во Гевгелија и 63  интервенции на Табановце.

До 17.00 часот, дистрибуирано е:

  • 294 шишиња вода

  • 64 пакети со храна

  • 33 хигиенски пакети за жени

  • 43 хигиенски пакети за мажи

  • 58 пакети за прва помош

  • 80 пелени

 

 

Министерот за внатрешни работи, Митко Чавков минатиот месец изјави дека секојдневно стотици мигранти чекаат за влез во земјава.