Свет

Издадени налози за апсење на министерот за финансии и главниот обвинител на Украина

Издадени налози за апсење на министерот за финансии и главниот обвинител на Украина

На централниот киевски плоштад каде што има неколку илјади демонстранти денеска е мирно, а во меѓувреме е издаден налог за апсење на поранешниот министер за финансии и поранешен главен обвинител. Ова им било соопштено на пратениците на заседанието во парламентот каде што се разгледува формирањето на нова влада во Украина.

Вршителот на должност главен обвинител, Олех Макхницки ги извести пратениците дека е покрената истрага и дека истражно-оперативната група работи на приведување на поранешниот министер Александар Клименко и поранешниот обвинител Виктор Пшонке.

Вршителот на должност министер за внатрешни работи, Арсен Аваков на пратениците им кажа дека полицијата соработува со службата за државна бебзедност и канцеларијата на обвинителот во истрагата „тешки злосторства врз украинските граѓани, кои ги извршиле поранешните лидери на државата.“

Министерството за здравство соопшти дека е потврдено дека од 18 февруари загинале 88 луѓе, главно демонстранти.