петок, 25 ноември 2016  |  Вести денес: 63

Издадени нови 1.600 потврди на мигранти за 24 часа

migranti

Поврзани вести

Министерството за внатрешни работи во текот на изминатиот ден издало вкупно 1.600 потврди на мигранти за искажана намера за поднесување барање за признавање на правото на азил.

Од нив, 692 се од машки пол, 361 жени, 542 деца кои патуваат со придружба и пет деца кои патуваат без родител. Според државјанството, најбројни се државјаните на Сирија – 929 по што следуваат државјаните од Авганистан – 432 и Ирак – 239.

Од почетокот на годинава до денес издадени се потврди на 24.118 странски државјани, од кои 10.197 се мажи, 5.163 жени, 8.671 деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и 87 деца кои патуваат без родител.

Во изминатите 24 часа до Секторот за азил не се поднесени барања за признавање на право на азил, а од почетокот на годинава поднесени се вкупно пет вакви барања.

Најчитани вести