Издадени нови 1.784 потврди за барање азил

За едно деноноќие издадени се потврди на вкупно 1.784 странски државјани, од кои 751 се од машки пол, 369 се од женски, 660 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште четири деца кои патуваат без родител, на кои издадена е потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, соопшти денеска МВР, најбројни се државјаните на Авганистан 893, Сирија 642 и Ирак 249.

Во периодот од 00,00 часот на 01.01.2016 до 24,00 часот на 07.01.2016 година, издадени се потврди на вкупно 15.808странски државјани, од кои, 6.585се од машки пол, 3.296 се од женски, 5.875 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 52 деца кои патуваат без родител, на кои им е издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија 6.685, Авганистан 5.806и Ирак 3.317.

Во периодот од 00,00 до 24,00 часот на 07.01.2016 година, до Секторот  за азил не се поднесени  барањаза признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Во периодот од 00,00 часот на 01.01.2016 година до 24,00 часот на 07.01.2016 година, до Секторот  за азил поднесени се три барањаза признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил на четири малолетни лица од Авганистан.

Во ЈУ Прифатен центар за баратели на азил во дневниот регистар на баратели на азил за 07.01.2016 година евидентирани се вкупно 14 баратели на азил од кои седум мажи, три  жени и четири деца со придружба на старател. Дополнително, согласно член 48 од Законот за азил и привремена заштита, 11 баратели на азил (еден маж, една жена, три малолетни лица со придружба на старател и шест малолетни лица без придружба на старател) се згрижени на друго место за сместување определено од Министерството за труд и социјална политика.