Издадени нови 1.837 потврди на мигранти за 24 часа

Министерството за внатрешни работи во текот на изминатите 24 часа издало потврди за остварување на правото на барање азил на 1.837 мигранти, од кои 754 мажи, 392 жени и 691 деца кои го придружуваат носителот на потврдата.

Според државјанството најбројни се бегалци од Авганистан – 741,  Сирија-690 и Ирак-406. При тоа до Секторот за азил не се поднесени барања за признавање на право на азил.

Од почетокот на годината заклучно со вчерашниот ден издадени се потврди на вкупно 50.211 странски државјани, од кои 20.880 се од машки пол, 10.801 се од женски и 18.428 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 102 дете кои патуваат без родител, на кои им е издадена потврда за искажана намера за поднесување барање за признавање право на азил. Во посочениот период до Секторот за азил поднесени биле шест барања за признавање право на азил на шест малолетни лица од Авганистан и Сирија.

Во ЈУ Прифатен центар за баратели на азил во дневниот регистар на баратели на азил за 28.01.2016 година евидентирани се вкупно 34  баратели на азил од кои 28 мажи, две жени,  две деца со придружба на старател и две деца без придружба на старател. Дополнително, согласно член 48 од Законот за азил и привремена заштита, пет малолетни лица без придружба на старател се згрижени на друго место за сместување определено од Министерството за труд и социјална политика, стои во соопштението од МВР.