Издадени нови 170 потврди за признавање право на азил

Министерството за внатрешни работи во текот на изминатиот ден издало потврди на вкупно 170 странски државјани, од кои 59 мажи, 41 жени, 67 деца кои го придружуваат носителот на потврдата и 3 деца кои патуваат без придружба на родител.

МВР денеска соопшти дека според државјанството, потврди се издадени на 128 државјани на Сирија и на 42 државјани на Ирак, додека нема издадено потврди на државјани на Авганистан.

До Секторот за азил вчера не се поднесени барања за признавање на право на азил, врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.