Издадени нови 2.107 потврди за барање азил на мигранти

Издадени нови 616 потврди за поднесување барање за право на азил
Издадени нови 616 потврди за поднесување барање за право на азил

МВР во изминатите 24 часа има издадено вкупно 2.107 потврди за барање азил на мигранти, од кои 1.315 на мажи, 299 на жени, 401 на деца кои патуваат со приружба, како и уште 92 на деца кои патуваат без родител.

Највеќе потврди издадени на мигранти од Сирија

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, соопшти денеска МВР, најбројни се државјаните на Сирија 1.406, од Авганистан 424, Ирак  113додека другите се во помал број.

Во периодот од законските измени до денес издадени се потврди на вкупно 79.778 мигранти, од кои, 53.211 се од машки пол, 10.968 се од женски, 13.208 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 2.391 деца кои патуваат без родител, на кои им е издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија 64.304, потоа Авганистан 5.523, Ирак 3.807, од Пакистан 2.164, Палестина 904,Сомалија 593, Бангладеж 525, од Конго 357, Иран 284, Нигерија 220, од Камерун 164,Еритреја 158, Етиопија 118, Судан 109, додека останатите се во помал број.

Нема нови барања за азил

Во текот на вчерашниот ден до Одделението за азил не се поднесени барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил .

Од започнувањето на издавањето на потврдите до 16.09.2015 година до Одделението  за азил се поднесени 49 барања  за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда, при што 36 барања се од државјани на Сирија, од нив 10 за деца, потоа три барања од државјани од Пакистан и Авганистан од нив четири се деца кои го придружуваат родителот, по две барања од државјани од Мароко, Алжир и Ирак (едно од барањата е за деца) и едно барање од државјанин на Египет.

Во ЈУ Прифатен центар за баратели на азил во дневниот регистар на баратели на азил за 15.09.2015 година евидентирани се 6 баратели на азил, од кои еден барател на азил е малолетно лице без придружба на старател, останатите пет баратели на азил се мажи. Дополнително, согласно член 48 од Законот за азил и привремена заштита две лица, едно малолетно лице без придружба на старател и еден маж се згрижени на друго место за сместување определено од Министерството за труд и социјална политика.