Издадени нови 234 потврди на мигранти

Министерството за внатрешни работи во текот на изминатиот ден издало потврди за остварување на правото на азил на вкупно 234 странски државјани, од кои 97 мажи, 51 жени, 78 деца кои го придружуваат носителот на потврдата и 8 деца кои патувале без родител.

Според државјанството, најмногу се издадени потврди на државјани на Сирија, 82, потоа на 56 државјани на Авганистан и на 96 државјани на Ирак.

Од 1 јануари до вчера издадени  се потврди на 81.404 странски државјани, од кои 32.499 се од машки пол, 17.631 се од женски и 31.089 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 185  деца кои патуваат без родител, на кои им е издадена потврда за искажана намера за поднесување барање за признавање право на азил.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-39.272, Авганистан-25.587 и Ирак-16.542.

Вчера до Секторот за азил не се поднесени барања за признавање право на азил врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување барање за признавање право на азил.

Според МВР, од почетокот на годинава до вчера до Секторот за азил барање за признавање право на азил поднеле десет лица (седум од Авганистан и три од Сирија) врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување барање за признавање право на азил.

Во ЈУ Прифатен центар за баратели на азил во дневниот регистар на баратели на азил за вчера евидентирани се вкупно 11 баратели  на азил од кои осум мажи, една жена и две деца со придружба на старател. Дополнително, согласно член 48 од Законот за азил и привремена заштита, еден маж, една жена, пет малолетни деца со придружба на старател, пет малолетни лица без придружба на старател се згрижени на друго место за сместување определено од Министерството за труд и социјална политика.