Издадени нови 4.444 потврди за барање азил на мигранти

Министерството за внатрешни работи во текот на изминатиот ден издало вкупно 4.444 потврди за искажана намера за остварување на правото на азил на мигранти.

Од нив 2.324 се издадени на мажи, 805 на жени, 1.168 на деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 147 на деца кои патуваат без родител.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија 1.944, Авганистан 1.625, Ирак 496, додека другите се во помал број.

Во периодот од 19.06.2015 до 10.11.2015 година до 24:00 часот, издадени се потврди на вкупно 234.692 странски државјани, од кои, 140.059се од машки пол, 35.101 се од женски, 47.674 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 11.858 деца кои патуваат без родител, на кои им е издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија 148.065, потоа Авганистан 50.341, Ирак 18.465, Пакистан 4.847, Иран 4.670, Палестина 1.958, Сомалија 1.226, Бангладеш 1.065,Мароко 642, Конго 509,  Алжир 349, Либан 345,  Нигерија 273, додека останатите се во помал број.

Во периодот од 00,00 до 24,00 часот на 10.11.2015 до Одделението  за азил не се поднесени  барања  за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил .

Од започнувањето на издавањето на потврдите до 10.11.2015 година до Одделението  за азил се поднесени 70 барања  за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда, при што 51 барања се од државјани на Сирија, од нив 15 за деца, потоа пет барања од државјани на Авганистан од нив четири се деца кои го придружуваат родителот, три барања од државјани од Пакистан, по две барања од државјани од Мароко, Либан, Палестина, Алжир и Ирак (четири од барањата се за деца) и едно барање од државјанин на Египет.

Во ЈУ Прифатен центар за баратели на азил во дневниот регистар на баратели на азил за 10.11.2015 година евидентиран е 1 барател на азил,  маж. Дополнително, согласно член 48 од Законот за азил и привремена заштита 3 баратели на азил ( малолетно лице  со придружба на старател и двајца мажи )  се згрижени на друго место за сместување определено од Министерството за труд и социјална политика.